Бразилецот Даглас Луиз (26) е блиску до преселба во Јувентус. Бразилскиот играч за врска на Астон Вила постигна договор со италијанскиот клуб и во следните четири години би требало да заработува околу пет милиони евра по сезона. Луиз е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а минатата сезона постигна десет гола и исто толку асистенции на 53 натпревари.
Според Transfermarkt, бразилскиот интернационалец вреди 70 милиони евра. Јувентус ги нема тие пари, па Италијанците смислија опција која Англичаните ќе ја прифатат. Имено, Вила мора да заработи малку за да нема проблеми со финансискиот фер-плеј, па за Луиз ќе земе околу 20 милиони евра и двајца играчи на Јувентус.
Во Англија пристигнуваат американскиот играч за врска Вестон Мекени (25) кој вреди 28 милиони евра и англиското крило Семјуел Илинг-Џуниор (20) кој вреди 13 милиони евра. Вила сака да ги донесе двајцата и е подготвена да се откаже од својот клучен играч. Сепак, овој трансфер ќе има и една многу необична ставка.
Покрај Луиз, Јувентус ќе ја купи и неговата девојка Алиша Леман (26). Таа е една од најпопуларните фудбалерки во светот која моментално игра за женската екипа на Астон Вила. Таа е репрезентативка на Швајцарија, за која има 53 настапи и постигнато девет голови.
Покрај тоа што игра добро фудбал, напаѓачката е популарна и поради атрактивниот изглед и има речиси 17 милиони следбеници на Инстаграм, а нејзиното доаѓање во женската екипа на Јувентус во пакет со Луиз не само што би било фудбалски туку и маркетиншки потег. Луиз наводно инсистирал Леман да биде вклучена во неговиот трансфер.