236
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид е заинтересиран за играчот на Арсенал и француски репрезентативец Вилијам Салиба, пренесуваат француските медиуми.
Салиба (23) играчката кариера ја започна во Сент Етјен, а член е на Арсенал од 2019 година. Потоа играше како позајмен во Сент Етјен, Ница и Олимпик од Марсеј.
Францускиот фудбалер оваа сезона одигра девет натпревари за Арсенал. Тој има договор со лондонскиот клуб до 30 јуни 2027 година, а „Трансфермаркт“ проценува дека Салиба вреди 80 милиони евра.
Француските медиуми пренесуваат дека Реал планира да го ангажира Салиба на крајот од сезоната, а преговорите меѓу двата клуба треба да започнат на почетокот на следната година.
Досега за француската репрезентација одигра 23 натпревари.