Трансфер буџетот на Манчестер Јунајтед ќе биде околу 100 милиони фунти, но Аморим ќе има на располагање и средства од играчите што си заминуваат

од Vladimir Zorba
678 прегледи

Манчестер Јунајтед ќе има буџет за трансфери од 100 милиони фунти ова лето, објави „Телеграф“. Тимот заврши само на 15-то место во Премиер лигата оваа сезона и нема да игра во европските натпреварувања откако загуби од Тотенхем во финалето на Лигата на Европа минатата недела.

Меѓу главните трансфер цели на Јунајтед оваа година се напаѓачите Лиам Делап од Ипсвич и Матеус Куња од Вулверхемптон, а потенцијалните договори би требало да ја апсорбираат речиси целата сума. Куња е проценет на околу 50 милиони фунти, а Делап на 40 милиони фунти.

Сепак, раководството на Јунајтед ќе му дозволи на менаџерот Рубен Аморим да користи дополнителни средства што клубот ќе ги добие од трансферите што ќе ги оствари. Локалните медиуми тврдат дека „Црвените ѓаволи“ речиси сигурно ќе се разделат со Алехандро Гарначо и Маркус Рашфорд, а цените се 60, односно 40 милиони фунти.

Сепак, Гарначо и Рашфорд не се единствените за кои се очекува да го напуштат „Олд Трафорд“. Исто така, постојат шпекулации за Бруно Фернандеш, Џејдон Санчо, Антони, Тајрел Маласија, Расмус Хојлунд и Каземиро, бидејќи тие не се вклопуваат во шемата или плановите на Аморим.