Трансферот на крилниот напаѓач на Ајакс, Ентони во Манчестер Јунајтед е прашање на време. Според медиумите на Островот, 20-кратниот шампион на Англија ќе ја даде својата последна понуда, која најверојатно ќе биде прифатена од холандскиот шампион. Различни извори имаат мали несогласувања во однос на нејзината големина. Според некои од нив, понудата ќе биде за 74 милиони фунти плус уште 10 милиони бонуси или вкупно 84 милиони фунти (100 милиони евра). Според други, понудата ќе биде за 76 милиони фунти плус бонуси.
Во секој случај, сумата ќе ја достигне границата од 80 милиони фунти. Тоа значи дека уште едно лето Манчестер Јунајтед ќе потроши над 200 милиони фунти на селекција.
Досега „црвените ѓаволи“ потпишаа со Лисандро Мартинез (Ајакс) за 48,3 милиони фунти, Тајрел Маласија (Феенорд) за 12,9 милиони фунти и Касемиро за 60 милиони фунти. Кристијан Ериксен пристигна на „Олд Трафорд“ како слободен играч.
Ентони веќе достави барање за трансфер и дури почна да бара куќа во Чешир. Се вели дека Бразилецот веќе договорил петгодишен договор со Јунајтед.
Ајакс се обидува да го врати Хаким Зиеч од Челзи на местото на Ентони.