Трансферот на годината е факт! Мбапе е играч на Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
2,2K прегледи

Трансферот на годината е факт! Реал Мадрид официјално објави дека Килијан Мбапе ќе биде фудбалер на „кралевите“.

25-годишната француска ѕвезда слета на „Сантијаго Бернабеу“ од ПСЖ.

Тој одби да го продолжи договорот со парижаните. Така Мбапе стана дел од тимот на 15-кратниот клупски шампион на Европа.

Платата на Мбапе во Реал Мадрид ќе биде значително помала отколку во ПСЖ. Додека во францускиот клуб заработуваше околу 72 милиони евра годишно, во Шпанија се очекува да добива околу 14 милиони евра годишно, кои ќе бидат надополнети со бонуси во висина од околу 30 милиони евра. Договорот на играчот со „Лос Бланкос“ ќе биде за следните пет сезони.

Најимпресивниот аспект од договорот е бонусот за потпишување што ќе го добие Мбапе. Според различни извори, оваа сума ќе биде помеѓу 120 и 150 милиони евра, што ќе го направи најголемиот бонус за потпис во историјата на фудбалот.

Мбапе во Реал Мадрид пристигнува со седум француски титули, четири домашни купа и уште два Суперкупа. Покрај ова, тој го освои Светското првенство во ФИФА со Франција како и Лигата на нации. Првично во првата сезона ќе го носи дресот со број 9, а подоцна ќе го добие омилениот број 10, кој сега е на грбот на хрватскиот играч за врска Лука Модриќ.

Слични содржини