Трансферот во Ајнтрахт (Франкфурт) може да му помогне на Марио Геце да се врати во германската репрезентација, смета поранешниот тренер на Бундестимот, Јоаким Лев.
Пред неколку дена 30-годишниот Геце се врати во Бундеслигата откако последните две сезони ги мина во холандски ПСВ (Ајндховен). Играчот од средниот ред, кој го постигна голот со кој Германија ја освои светската фудбалска титула во 2014 година, нема играно за својата земја од 2017 година, кога Лев се уште беше на кормилото на тимот.
„Повторно ќе игра во Лигата на шампионите, повторно ќе биде во центарот на вниманието во Бундеслигата и ќе сака да учествува на Светското првенство. Ги има сите квалитети да го направи тоа. Се разбира, не очекувам Марио веднаш да биде повикан во националниот тим. Но, среќен сум за него и за Ајнтрахт. Марио е одличен играч, голем професионалец и мислам дека ќе биде одличен за тимот на претстојните големи натпревари.“, изјави Лев за Скај Германија.