242
Голманот Алисон го постави трансферот во Ливерпул во текот на летото, како негов главен приоритет, вели „Мирор“.
Менаџерот Јирген Клоп се сврте кон играчот на Рома за нов голман на Ливерпул, но за да го привлече 25-годишниот Бразилец, Ливерпул ќе мора да крши рекорди.
Според „Мирор“, интерес кон Алисон има уште од Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но тој го преферира Ливерпул, а и „црвените“ се во напредна преговори со Рома.
Ако тие успешно завршат, Алисон ќе биде најскапиот голман во светот.
Алисон има 32 натпревари во сезоната, а во 14 од нив не дозволи гол.