Килијан Мбапе (25) дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 и асистираше за 108 гола за ПСЖ на 308 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Тоа не му успеа ниту годинава, кога ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд. Долго време беше незадоволен и сакаше да си замине од Париз, а претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.
Месечно заработувал околу шест милиони евра бруто (2,7 милиони нето), а само за потпишувањето на договорот добил бонус од 180 милиони евра и дополнителни 70.000.000 на крајот од секоја година од договорот, кој требало да трае до три години. Но, му беше понудена опцијата да замине бесплатно по две сезони и тој реши да ја искористи таа опција.
Откако Мбапе го објави тоа, Насер Ал-Келафи „полуде и одби да му ги плати последните 70 милиони евра“. Секако, поради апсурдната ситуација некој што не сака да остане во клубот мора да го плати она што се нарекува „бонус за лојалност“.
На крајот, Мбапе го „спаси“ ПСЖ, а кога конечно се пресели во Реал, како капитен на Франција на подготовките на репрезентацијата рече: „Кога му кажав на претседателот дека ќе заминам на крајот на сезоната, ми се заканија, и тоа на сила, дека нема да играм за ПСЖ до крајот на сезоната. Ме спасија тренерот Луис Енрике и спортскиот директор Луис Кампос. Да не беа тие, никогаш повеќе немаше да стапнам на теренот“.
Одговор стигна од клубот. Додуша, неофицијално но за угледниот АФП, кој вака цитира „сигурни извори од клубот“.
„Мбапе нема апсолутно никаква класа. Насер ал-Келафи никогаш не издал ни најмала наредба за некој поврзан со тимот. Луис Енрике го потврди ова, но и покрај се, штом Мбапе нешто каже, сите го третираат како вистина. Во догледно време се ќе се открие, целата вистина. Засега ќе го задржиме нашето достоинство и професионализам за доброто на ПСЖ, Париз, Франција и навивачите“.