„Транспортер“Еден притвор, уште еден куќен притвор и три одземени пасоши, а денеска нова тура осомничени во случајот

од Vladimir Zorba
118 прегледи

 

 Најбликсите соработници на градоначалникот Владимир Талевски отидоа кој во притвор кој со одземени пасоши заради криминалите со превозот според сслучајот на СЈО „ Транспоретер“

vladimir-taleski

Куќен притвор за управителката на еден од превозниците  и одземени пасоши на тројца директори на средни училишта во Битола.Ова е вчерашната одлука на судијата на претходна постапка  по четири часовниот распит на четворицата осомничени во случајот „Транспоретер“.  Управителката го напушти судот со полициско обезбедување и лисици на рацете. 

 сјо

Специјалното обвинителство бараше притвор за 11 осомничени, од вкупно 22 лица во овој предмет . Но, судијата одреди само еден притвор вчера, на најблискиот соработник на битолскиот грандоначалник Владимир Талевски, кој  според СЈО додека бил претседател на комисијата за јавни набавки, ја злоупотребил службената положба.

Неговиот адвокат поднесе жалба на 30 дневниот притвор. Се очекува по тоа во рок од48 часа да одлучува Кривичниот совет. Одлука се чека и од Кривичниот суд по барањето за конфискација на вреден имот на дел од осомничените, особено имото на градоначалникот, кој не може да биде притворен поради помилувањето од Иванов. Сепак јасно е дек тој е главниот во овој сидски процес и вината врз негов ите соработници е и негова вина , и станува уште појасно зошто претседателот  Иванов ги помилувал сопартијците.

Денеска во судот треба да се појават на распит уште тројца осомничени-директори на превозниците кои според СЈО биле соучесници  во криминалот со превоз на ученици и дуплото наплаќање на истиот, по претходен договор со градоначалникот Талевски.