Трансродовата ќерка на Елон Маск поднесе барање за промена на името во согласност со нејзиниот нов родов идентитет и затоа што „веќе не живеам и не сакам да бидам поврзана со мојот биолошки татко на кој било начин“.
Барањето за промена на името и нов извод од матичната книга на родените што го одразува нејзиниот нов родов идентитет беше поднесено до Врховниот суд на округот Лос Анџелес во Санта Моника во април, а неодамна беше објавено од медиумите.
Ксавиер Александар Маск, кој неодамна наполни 18 години, побарал промена во препознавањето на полот од машко во женско и промена на името, според судските документи достапни на PlainSite.org.
Нејзината мајка е Џастин Вилсон, која се разведе од Маск во 2008 година.
Нема објаснување за раздорот меѓу Маск и неговата ќерка. Ниту адвокатот на Маск, ниту канцеларијата за медиуми на „Тесла“ веднаш не одговорија на барањето на „Ројтерс“ за коментар.
Околу еден месец откако неговото дете поднесе барање за промена на името и полот, Маск рече дека ја поддржува Републиканската партија, чии избрани претставници поддржуваат серија закони со кои се ограничуваат правата на трансродовите луѓе во државите низ целата земја.
„Апсолутно ја поддржувам трансродноста, но сите овие заменки се естетски кошмари“, напиша Маск на Твитер во 2020 година.