„Транзициска Влада“ без Груевски со врзани потписи

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Една недела ги дели македонските политичари од жешката Бриселска средба, на која спооред опозицијата треба да се договори Владата која би ги спровела сите изборни измени и би ги организирала изборите. За тоа прашање да биде отворено се чека следниот состанок, брифираат и од дуи. Од ВМРО-ДПМНЕ пак не сакаа да коментираат, објави  24Вести.

liderska-770x449-735x400

Извори од преговорите кои беа присутни на вчерашната маратонска средба брифираат дека прашањето за т.н преодна Влада било отворено само во поглед на дискусија околу формулацијата за таа Влада, која би требало да ја поведе земјата низ т. н транзициски период, но и дека, и Груевски и Заев само ги повториле своите позиции, без да се навлага во суштинска дебата. Токму од формирањето на преодната Влада СДСМ го условува и понатамошното исполнување на договорот.

Партиите се скржави во информирањето, сепак дипломатски извори тврдат дека во Брисел на маса ќе бидат повеќе варијации на тема – преодна Влада проекциите се движат од т.н реформатирање на Владата, во своевидна широка коалиција, во која би влегле сите партии, а Груевски би останал премиер, па потоа во игра би била и експертска Влада, во која би немало претставници ниту на СДСМ ниту на ВМРО-ДПМНЕ.

Во игра, како што брифираат дипломатски извори е и широк оптег, кој им бил понуден на лидерите, Влада која не би ја раководел Груевски, но доколку секоја одлука би се носела со консензус, со врзани потписи на министрите.

И додека се прават калкулации во Брисел, но и се очекува со каква порака еврокоемсарот Хан ќе се врати од САД, по средбите со администарцијата на Обама, на кои ќе се разговара за состојбата во земјите од западен Балкан, дел од медиумите на албански јазик, објавија осум точки за кои тврдат дека се дел од договорот кој што вчера го потпишале лидерите.

Во нив се вели дека лидерите се договориле – СДСМ да се врати во Собрание, да почне со работа анкетната комисја за испитување на т.н бомби, СДСМ да прекине со објавувањето на нови телефонски разговори до 10 јуни, како и дефинирање на како што се вели Влада од широк формат.

Понатаму според договорот за кој се тврди дека е од вчерашната лидерска, политичарите се согласиле да се заложат за повеќе моќ за државните институции, потоа комплетно спроведување на Охридскиот договор, како и враќање на евроинтреграциите како приоритет и предвремени избори во 2016-та