Трајанов: 2023 година, нека биде година на промени, стабилност и успеси

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз на сите граѓани им посака многу среќа и здравје во годината пред нас.

„Сите заедно, сплотени и со поглед напред кон иднината можеме да ги менуваме работите и да отвораме перспектива за сите, да живееме во мир и поправедно општество.

2023 година, нека биде година на промени, стабилност и успеси.

Можеме да ги раздвижиме процесите ако сите сме активни, креативни и учествуваме во носењето на круцијалните одлуки клучни за иднината на сите, посебно на младите.

Светот со сите предизвици со кои се соочува, сепак се движи напред, цел кон која мораме и ние да се определиме.

Во каква држава ќе живееме зависи од сите нас!“

Слични содржини