Треба да „легнат“ 12 МИЛИОНИ ЕВРА: Куман одбива помала отпремнина

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, кој минатата недела доби отказ поради лоши резултати, одбива да се согласи на намалената отпремнина што му ја нудат, објавија шпанските медиуми.

Куман ја презеде Барса во август 2020 година, напуштајќи го кормилото на холандската репрезентација пред истекот на неговиот договор, а каталонскиот клуб за тоа плати отштета од пет милиони евра.

Тој потпиша двегодишен договор со Барса, но доби отказ по 14 месеци. Договорот со Барселона во случај на предвремен отказ предвидува отпремнина од 12 милиони евра, а сега Барса нуди седум милиони, со што Куман не сака да се согласи.

Слични содржини