Tреба да отворат нова: Граѓаните со блокирани сметки имаат уште два дена рок

од Берта Китинска
468 прегледи

Граѓаните кои добиле помош од 6000 денари, а имаат блокирани сметки ќе можат да си ги подигнат парите доколку ги ажурираат податоците.

-За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура, најдоцна до петок 25.12.2020 година. За сите детали поврзани околу исплатата, Банката ќе достави СМС пораки до клиентите распределени за исплата на финансиската помош, согласно расположливите контакт податоци, стои во соопштенијата од банките.

Исто така, ги повикуваат и граѓаните кои немаат трансакциска сметка да дојдат во најкус можен рок за да им се отвори, за да можат да ги добијат парите.

Лицата кои добијат 6.000 денари може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања.Сега парите може да  се искористат во кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

Новата одлука предизвика метеж пред банките, откако граѓаните разбраа дека можат парите да ги подигнат и од банкоматите.

Од банките информираат дека помошта од 6000 денари може да се искористи во готовина.

– Од банката ме информираа дека нема потреба да ја обнова доколку не ја користам и дека може парите да ги подигнам во готовина, вели нашиот соговрник Ѓорги Атанасов.

Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки.

Слични содржини