Тренчевска: Ако се укине овој систем, 360.000 пензионери ќе ја изгубат придобивката од зголемување на пензиите два пати годишно

од Nikola Popovski
269 прегледи

Во изминатите неколку години се направени многу системски решенија. Едно од нив е и усогласувањето на пензиите два пати годишно согласно порастот на трошоците на живот и просечната плата, изјави дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за емисијата на „Слободен печат“,

„Ако ги погледнеме пензиите пред 2017 година изнесуваа 6000 денари, додека денес најниската пензија изнесува 13.200 денари. За еден месец пак ќе имаме усогласување на пензиите. Покачувањето на пензиите не ја следи само инфлацијата, туку и зголемувањето на просечната плата и во услови кога нема инфлација пензиите повторно ќе растат. Ако се укине овој систем, 360.000 пензионери ќе ја изгубат придобивката од зголемување на пензиите два пати годишно” изјави Тренчевска.

Во однос на детската заштита и вклучувањето на децата во предучилишните установи Тренчевска посочи дека во 2017 година била затекната ситуација каде само 25% од децата на територијата на целата држава биле вклучени во воспитно-образовниот систем.

„Од 2017 година до денес отворивме 83 градинки и за прв пат отворивме градинки и во руралните средини, Едно општество за сите ни е водилка во процесот секое дете да има пристап до градинките. Покрај што отворивме доста градинки во 2023 година одделивме 4 милиони евра за нови градинки во Општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош” рече Тренчевска.

На крај од интервјуто Тренчевска зборуваше и за успешноста од спроведувањето на социјалната реформа која започна со измените на новиот Закон за социјална заштита.

„Досега имаме 57 мали групни домови каде се одвива живеењето со поддршка. Во ваквите домови владее семејна атмосфера и воедно е достапна дваесет и четири часовна грижа. Со гордост можам да истакнам дека ние сме единствената држава каде ниту едно дете до 18 годишна возраст не е сместено во големите и гломазни институции” посочи Тренчевска.

Слични содржини