Во финална верзија се мерките кои ќе значат поддршка на најранливата категорија на граѓани, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
– Следната недела многу скоро ќе биде објавено кои групи ќе бидат опфатени и колкава ќе биде поддршката што граѓаните ќе ја добијат во следниот период се со цел да излеземе во пресрет на сите ранливи категории на кризата, изјави Тренчевска.
Се разгледува опцијата дали ќе бидат делени ваучери или средствата за поддршка ќе бидат уплатени на сметките на граѓаните или пак ќе има ваучери за купување на домашни производи.