Моето мислење за Азир Алиу како професионалец во својата област во информатиката е за почит, но не го бираме за министер за информатичка технологија ниту за образование. Тој треба да биде избран за министер за здравство. Точно е дека министерот треба да биде добар менаџер, но, точно е дека треба да доаѓа од некоја сродна област и претходно искуство со областа, изјави пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска од собраниската говорница.
Според неа, Алиу нема никакво претходно искуство во здравството. Тој е доктор по информатички науки.
-Здравството не е Министерството за информатика со стотина вработени. Најверојатно додека се запознае со областа, и него ќе го смените или сам ќе си отиде и повторно нема да е криво ВМРО-ДПМНЕ туку коалициските партнери затоа што дале такви кандидати, рече Тренчевска на денешната собраниска седница.
На пленарна седница предлозите на Владата за избор на нов министер за здравство и заменик-министер во земјоделство. Алиу треба да го замени Арбен Таравари кој прејде во опозиција и ја остави празна функцијата во ресорот здравство.