Тренчевска: Доколу не биде постигнат договор меѓу СОНК и Владата, директорите на градинките мора да најдат начин да ги згрижат децата

од Берта Китинска
414 прегледи

Се надевам дека ќе има договор до 11 април, меѓутоа и согласно Законот за детска заштита градинките мора да ги згрижат дечињата кои што се дојдени овде , вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во врска со најавениот штрејк од страна на СОНК кои бараат покачување на платите во образовниот сектор.

Таа кажа дека доколу не биде постигнат договор и вработените штрајкуваат, директорите на градинките мора да најдат начин да ги згрижат децата кои ќе дојдат.

– Општината е должна, директорите на детска градинка треба да се обратат до општините, сите оние кои што ќе штрајкуваат да бидат заменети со кадар така што градинката мора да работи. Легитимно право е да се штрајкува, меѓутоа и по закон и по Устав е дечињата да бидат згрижени, изјави министерката.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков деновиве изјави дека се надева оти владините претставници ќе излезат со одредена понуда.

Според него, штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година. СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.

Слични содржини