Тренчевска ги дообјаснувала Законите за матична евиденција и родова еднаквост на германската амбасадорка во земјава

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата беше истакната досегашната соработка на Министерството за труд и социјална политика со Германската Амбасада. Исто така беа дискутирани и моменталните случувања на територијата на државата во однос на предлог Законот за родова еднаквост и предлог Законот за матична евиденција.

Од страна на амбасадорката, Дрекслер на средбата беше искажана особена поддршка во делот на усогласување на законските регулативи и креирање на политики кои се дел од патот кон Европската Унија. Таа исто така посочи дека е голема поддржувачка за решавање на предизвиците за родовата еднаквост со особен фокус на феминизмот.

Во однос на моменталната состојба и отворената општествена дебата за двата различни закони – Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост зборуваше министерката Тренчевска. Таа го истакна вистинското значење на законите со посебен акцент на објаснување на важноста на Законот за родова еднаквост кој е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Министерката посочи дека целта на законот е воспоставување на механизми кои ќе ја унапредат родовата еднаквост на територијата на целата држава, како на локално така и на национално ниво. Тренчевска особено стави акцент на тоа дека Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост се два различни и засебни закони.

На крајот од средбата Амбасадорката Дрекслер ја изрази својата силна поддршка до министерката Тренчевска во однос на расчистување на наративот во општеството за моменталните предлог закони и нивното вистинско значење.

Слични содржини