Тренчевска: Изградивме систем за раст на плати и пензии, очекувам нов општ колективен договор во мај

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Согласно Законот за минимална плата предвидено е покачување на останатите плати каде во матичните закони во секторите се покачува платата во зависност од компонентата на минимална плата, рече министерката за туд и социјална политика Јована Тренчевска во гостувањето во „Топ тема“. Таа потсети дека минималната плата е зголемена за над две илјади денари, а растат и пензиите.

-Успеавме да изградиме модел на раст на минималната плата и пензиите. Со растот на минималната плата се покачуваат и останатите плати, рече министерката.

Тренчевска додаде дека се подготвува нов општ колективен договор, заедно со синдикатите и очекува да се постигне договор во мај.

-Ние на Економско-социјалниот совет ќе разговараме за сите опции, меѓу кои и за платите во јавниот сектор да бидат по иста методологија, односно еднаква за администрацијата и за избраните и именувани функционери. Треба да се разгледа дали врз основа на минималната или просечната плата, секако со коефициент за сложеност, рече Тренчевска.

Според неа за жал платата на функционерите ќе се зголеми заради одлука на Уставен суд.

-Одлуката на Уставен суд ја руши секоја добра политика, вакво енормно зголемување не е фер. Гледаме како да се врати таквото зголемување во првобитната состојба. Во 2014 година е изменет Законот за плати на избрани и именувани лица. Зошто до 2023 година Уставниот суд не ја разгледа одредбата дали е уставна или?, праша министерката.

Слични содржини