Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Елиса Фернандез, Заменик-регионалната директорка на регионалната канцеларија на UN Woman за Европа и Централна Азија. На состанокот беше присутна и раководителката на Канцеларијата на UN Women – Скопје, Весна Ивановиќ Кастаред.
На средбата беше истакната соработката на Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на UN Woman со особен фокус на проектите кои се поврзани со поддржувањето на Родовото одговорно буџетирање, Родово базирано насилство и Родовата еднаквост воопшто.
Тренчевска истакна дека од особена важност е продолжувањето на интезивната работа на развојот и имплементацијата на Родовото одговорно буџетирање и креирањето на политики кои ќе придонесат до еднаква распределба на ресурсите. Таа истакна дека во делот на родово одговорни буџети Република Северна Македонија работи уште од 2008ма година. Министерката појасни дека стремежот ќе продолжи и во иднина со цел државата да биде лидер во регионот на ова прашање преку Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на буџети и политики.