Тренчевска: Минимална пензија од 18 илјади денари е нереална бидејќи минималната плата е 20 илјади

од Nikola Popovski
419 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска очекува преку формирање на работна група, на следната седница на Владата, да се достави информацијата за методологија како ќе се зголемуваат пензиите.

Дијалогот ќе го водиме и мислам дека до крјајот на годината ќе најдеме соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија во државата, која што ќе биде над она што значи праг на сиромаштија, утврден од страна на Светска банка, рече Тренчевска.

Според министерката, минималната пензија може ќе биде над 6% од септемвриска плата, но може да биде и повеќе, зависи од статистиката.

Околу можен компромис, минималната пензија да биде 18 илјади денари, Тренчевска вели дека тоа е нереална цена, затоа што минималната плата е 20 илјади.

Верувам дека ако минималната пензија е 18 илјади денари, сите оние жени кои што имаат право на пензија на 62 години, со исполнување на условот, ќе отидат во пензија и тоа ќе значи дополнително оптеретување на Фондот и доведување во ситуација, после 3-4 месеци се прашаме дали сите 330 илјади пензионери ќе добијат пензија? Мораме да водиме сметка за стабилноста на Фондот и навремено исплаќаме на пензиите. Сите пензионери да си ги добијат навреме заслужените пари. Не се потребни популистички мерки кои што на долг рок ќе ја доведат во прашање стабилноста на Фондот за пензиско, кажа министерката.

Тренчевска е децидна дека е неправилно да се изедначуваат луѓето кои што имаат 15 години стаж и оние со 40 години стаж.

Пензионерите кои во моментов земаат минимална пензија се со 15 години стаж и најголем дел од нив не ја достигнале висината на минимална пензија. Ако не бил системот солидарен, ќе земале многу помала пензија. Во септември ќе нема пензија под 13.300 денари, уверува министерката.

Слични содржини