Тренчевска: Мозаикот на нашето општество, во светиот месец Рамазан, блеснува со меѓучовечко разбирање и помагање

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.

– Почитувани сограѓани од исламската вероисповед, Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На овие празници кога сте со вашите најблиски, ви посакувам благосостојба, среќа и мир. Нека вашите молитви бидат слушнати. Да ги прославуваме најголемите празници во духот на солидарноста, праведноста и еднаквоста, напиша министерката на нејзината Фејсбук страница.

Тренчевска додаде дека мозаикот на нашето општество, во светиот месец Рамазан, блеснува со меѓучовечко разбирање и помагање, живее во духот на едно општество за сите.

Слични содржини