Тренчевска: Наредниот септември вработените во јавниот сектор ќе добијат ново покачување на платите

од Nikola Popovski
434 прегледи

Согласно новата методологија во Општиот колективен договор, платите на вработените во јавниот сектор во септември наредната година ќе бидат зголемени, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Истакна дека ќе се разгледа дали ќе биде усогласувањето во месец март, кога треба да се покачи минималнатта плата.

-Потпишувањето на Општиот колективен договор беше воспоставување на новата методологија. 10% во септември што ги земаа сите вработени во јавниот сектор, во септември 2024 година уште едно усогласување на платите и во март 2025 година да започнеме со новата пресметка на платите, односно коефициент помножен со просечна плата, кажа министерката Тренчевска денеска од Кисела Вода.

Дел од владините функционери периодов соопштија дека најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари, што ќе биде повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година.

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари.

Слични содржини