„Владата го усвои предлог Законот за работнитe односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври оваа година. Сега тој треба да влезе во собраниска процедура. Измените на Законот кои се изработени со учество на сите партнери во социјалниот дијалог, предвидуваат недела да биде ден на неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат“, вели денеска Јована Тренчевска, членка на Извршен одбор на СДСМ.
„Но, овие работници за својата работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната дневница, а дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена. Според направените анализи, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92 отсто од работниците во државата“, посочи Тренчевска.