Потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Јованка Тренчевска информира дека Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се најде на дневен ред на Собранието. Според неа, овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците, за 600 евра минимална плата.
-Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се приморани да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.
Сега, откако премиерот Мицкоски јавно се откажа од намерата за купување нов владин авион, еве шанса тие пари, милиони евра да се пренасочат за обезбедување на 600 евра минимална плата за работниците, истакна Тренчевска.
Пратеничката истакна дека нема оправдување сега дека нема пари.
-Штом биле планирани пари за нов авион, а еве слушнавме дека нема да се купува, дополнително ги имате и ставките од Буџетот кои пратеничката група на СДСМ ги предложи за обезбедување на пари за зголемува на минималната плата, значи пари има.
СДСМ ги повикува сите пратениците, особено од владејчкото мнозинство, да дадат поддршка на законот и да се изгласа. Работниците заслужуваат да им е ценет трудот, заслужуваат повисока минимална плата, а ние како народни избраници тоа им го го должиме да го обезбедиме.
Без изговори, без калкулации. Да се укине луксузот на власта а работниците да добијат плати какви што заслужуваат, нагласи Тренчевска.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и дека тоа прашање, кое го смета за беспредметно, ќе го остави за некоја идна влада. Тој го критикуваше политизирањето на ова прашање, велејќи дека освен за потребите на Владата, авионот би се користел и за хуманитарни цели.
ССМ очекува Владата и работодавачите да се договорат за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите преостанати за 100 евра до крајот на месецов, во спротивно најавуваат генерален штрајк, и проширување на протестите во сите градови.