Тренчевска: Платата на штрајкувачите треба да ја исплати СОНК

од Берта Китинска
293 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека правото за штрајк е регулирано со Закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование.

Тие се децидни дека работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК.

-Дали СОНК ќе им ја исплати платата на сите кои што штрајкуваат бидејќи според Законот државата нема право да ги исплати, вели Тренчевска.

Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата, вели Тренчевска.

-Член 240 го дава правото на штрајк, а член 241 се однесува на тоа дека синдикатот треба да исплати плата. Ова е штрајк за барање унапредување на работничките права. Со одлуката за штрајк СОНК се повикува на усогласувањето со минималната плата, а законот за минимална плата има рок од шест месеци за усогласување, вели Тренчевска.

Слични содржини