288
„Дискусијата за растот на пензиите ќе продолжи во периодот што следува со цел да дојдеме до најдоброто решение кое ќе донесе раст на пензиите на долг рок. Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост“, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Владата, како што посочи Тренчевска, заедно со претставниците од здружението на пензионерите и партијата на пензионерите го отвориле ова важно прашање кое има за цел унапредување на животниот стандард на пензионерите.
Според Тренчевска, покачувањето на пензиите нема да зависи од ничија политичка волја.