Се уште одзвонуват во јавноста зборовите на Гордана Димитриеска Кочоска со кои ги повреди жените во државата но ги повреди и сите граѓани. И наместо извинување од Кочоска, појакание и оставка од морални причини, граѓаните добија дополнително омаловажување и дискриминација, рече денеска пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска за неодамнешниот дуел во Собранието меѓу министерката и нејзината колешка од пратеничките клупи и сопартијка Славјанка Петровска.
Според Тренчевска, Клубот на пратенички стана заштитник на политичарки кои дискриминират и омаловажуват жени пратенички. Како што информира таа, на вчерашната седница на Клубот на пратенички се постигна договор кој произлезе од дискусиите и со консензус на сите присутни да се објави реакција со која ќе се осуди секоја форма на дискриминација врз жената и секое навредливо, недостоинствено и неразумно однесување со кое се омаловажуват жените во политиката од собраниската говорница.
-Но пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ само по неколку часа од седницата се предомислија и ја повлекоа согласноста за објава на реакцијата. Кој им се јави и кој ги предомисли треба тие да кажат? Наместо да се заштитат жените во политиката, пратеничките од ДПМНЕ решија со тоа што ќе го премолчат однесувањето на Кочоска да испратат порака до јавноста дека ја поддржуваат, обвини Тренчевска.
Петровска информира дека вчера ја испратила претставката до Комисијата за заштита од дискриминација. Минатата недела за време на собраниската седница резервирана за пратенички прашања откако пратеничката Петровска и упати легитимно прашање на министерката Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО ДПМНЕ во врска со потрошувачката кошничка, го доби следниот одговор:
-Пратеничке Славјанка Петровска, врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство, одговори министерката по економија.
Претходно Петровска истакна дека во парламентот поставила прашање, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци, на кое не доби одговор.
-Јас добив навреда, но не ја примив навредата. Дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена, затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова е тоа што всушност го вознемири ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видоа дека отиде работата предалеку, рече министерката во дебатна емисија.
Од друга страна претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова упати порака дека не е лошо човек да се извини, таа истакна дека во Собранието мора да се мерат зборовите, особено жените, треба да внимаваат кога е во прашање друга жена. Димитриеска Кочоска пак се уште стои на ставот дека ова прашање за неа е затворена тема.