Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес заедно со директорката на државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска подарија детски играчки во ЈДГ „8ми март“ во објектот „Пржино“. Заедно со претставниците од Министерството за труд и социјална политика, инспекторатот и градинката беше проследена новогодишната претстава „Црвенкапа и Дедо Мраз“.
Претставата ја отвори директорката на установата која ги поздрави присутните и се заблагодари за донацијата која ќе ги збогати детските игри и колекцијата на играчки во градинката.
За време на посетата Министерката Тренчевска за библиотеката на градинката подари инклузивни сликовници со брајово писмо и потсети за важноста на инклузивното предучилишно воспитание и можноста за еднаков пристап на сите деца.
На крајот од претставата Тренчевска заедно со Младеновска и Дедо Мраз ги поделија играчките на присутните деца.