Тренчевска: Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование

од Nikola Popovski
162 прегледи

Во Јавната установа „Раде Јовчевски Корчагин” – објект Пепелашка во Скопје денес беше промовиран „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки “. На настанот присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија- БАЛАНС МК, Наташа Д. Димитревска, вработени од областа на детската заштита и здравство.

Министерката Тренчевска во своето обраќање до присутните ја потенцираше заложбата на Владата и министерството за труд и социјална политика во обезбедувањето на грижа и услови за правилен раст и развој на секое дете.

„За нас секое дете е важно и секое дете заслужува да има еднаков пристап д ресурси и еднакви можности за напредок. Загрижувачки е податокот дека зачестеноста на дијабетот во светот се зголемува и истражувањата покажуваат дека токму децата се во зголемен ризик од развивање на оваа болест. За жал податоците откриваат и дека дијабетот денес е се повеќе присутен во предучилишна возраст. Оттука и важноста на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки ” наменет за наставниот кадар во градинките и училиштата. Верувам дека Протоколот ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование и ќе упатува за постапување со децата со дијабетес,” истакна Тренчевска.

Таа ја поздрави иницијативата на Асоцијацијата за детски дијабетес-БАЛАНС МК, која со поддршка на Министерството за здравство и стручни лица од Клиниката за детски болести, го осмисли и реализираше проектот за креирање на Протоколот.

Слични содржини