Тренчевска: Штетната традиција не нè носи напред – верските заедници да допринесат за унапредување на жените

од Nikola Popovski
252 прегледи

Нашите верувања, учења и ставови треба да ги прилагодуваме на современиот концепт. Да си ја зачуваме традицијата, но не штетната традиција. Јас почитувам традиција и семејни вредности – тоа не носи напред, но не штетната традиција. Ние креираме политики против малолетнички бракови, против насилството на жените, против залоупотребата на децата и велиме дека штетната традиција е таа која ја става во подредена положба жената и што го тера девојчето да се мажи пред да наполни 18 години, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за родовата еднаквост во земјава.

Потенцира дека верските заедници можат да допринесат на унапредување на положбата на жените.

-Треба да прифатат дека условите се сменети, времето во кое живееме е многу различно од пред неколку века или неколку години. Ако ги земеме бројките и статиската, девојчињата многу се запишуваат на факултет, докторираат, магистрираат. Во ИТ секторот почнавме со 10%, а сега има 30-40% девојки. Треба да промовираме родова еднаквост, кажа Тренчевска во емисијата „Студио 10“.

-Предлог-законот за родова еднаквост во ниту една одредба не регулира промена на полот или истополови бракови. Законот промовира еднаквост на жените и девојките во сите сфери на општественото живеење, додаде министерката за законот кој воопшти не е во собраниска процедура.

Слични содржини