Тренчевска: Уставниот суд да си ја заврши работата согласно надлежностите

од Nikola Popovski
82 прегледи

Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска денеска порача дека нејзината партија внимателни ја следи состојбата со Законот за употребата на јазиците и закажата седница на Уставниот суд. Порача дека Судот е орган што треба да ја штити уставноста на законите и сите прописи.

-Остро ја осудуваме политизацијата на едно вакво прашање и сметаме дека Уставниот суд треба да си ја заврши работата согласно нивните надлежности. Праксата за поттикнување на тензии не придонесува за решавање на проблемите туку ги продлабочуваат. Одговорност за иднината на нашата држава е на сите политички партии и сите актери и затоа сметаме дека Уставниот суд треба да си ја заврши работата согласно нивните надлежности. Како СДСМ ќе ја следиме целата ситуација и соодветно на случувањата ќе реагираме, кажа Тренчевска на прес-конференција од Собранието.

Пратеничката беше запрашана и за ставот на партијата по проширената црна листа на САД. Одговори дека СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот и смета дека е исклучителна важна поддршката од стратешките партнери во борбата против корупцијата.

-Сите сомнежи за корупција и злоупотреба на јавни средства треба да бидат истражени од надлежните органи во Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем да работи посветено и без двоумење, додаде Тренчевска.

Слични содржини