250
Нереални се најавите на Христијан Мицкоски за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, истакна денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Таа во емисијата „Студио 10“ порача дека „ДПМНЕ е популистичка партија која ветува и не реализра и дека тоа се гледа низ локланите самоуправи, каде имаат градоначалници“.
-Ветувања многу – реализација нула и популистички пуштени на најјако. Да кажете дека ќе ги зголемите пензиите линерано 5.000 на сите пензионери со импликации од една милијарда и 680 милиони денари, односно 330 милиони евра е навистина нерелано, утопија. И самите пензионери не веруваат во ова, нереално ветување на Мицоски, нагласи Тренчевска.