Тренчевска уверува дека со Законот за родова еднаквост не се третира менувањето на полот и истополовите бракови

од Nikola Popovski
333 прегледи

Вистината за законот за родова еднаквост третира еднакви можности на жените и младите, функционалност на механизмите за унапредување на родовата еднаквост, кои веќе постојат и се воспоставени и во единиците за локалната самоуправа, државната управа и во парламентот. вистината е дека овој закон ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општествено живее. Тоа се третира со овој закон – жените и мажите и што е она што треба да го направи државата, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за законите поради кои денеска МПЦ-ОА организира протест пред Соборниот храм во Скопје.

Министерката уверува дека со Законот за родова еднаквост не се третира менувањето на полот и истополовите бракови, туку единствена област на која се фокусира е подобрувањето на положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените.

-Проблемот настана со спојувањето на двата закони во еден. Станува збор за два различни закони за различна проблематика. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на лице кое што е трансородово да ја смени дознаката во матичниот број онаму каде се одбележува родот или полот, објаснува Тренчевска во изјава за медиумите.

-Ние направивме 18 јавни дебати за предлог-законот за родова еднаквост и тој не е во собраниска и владина процедура. Ги слушаме сите чинители. Знам дека законот допира до чувствата на многу граѓани, но овозможува жените да бидат третирани на ист начин како и мажите, да создадеме општество и економски просперитет со вклучувањето на жените и мажите, посочува министерката и уверува дека не се губи ништо од тоа што го имаме како право.

Слични содржини