Тренчевска: За 6000 денари е зголемена платата на воспитувачите во градинките

од Nikola Popovski
306 прегледи

„Да се потсетиме колкави беа платите до 2017 година во градинките. Негувателка земаше 14.493 денари, а во февруари оваа година платата за негувател е 19.560 денари, без минат труд. Воспитувач во 2017 година земал 19.200 денари, а во февруари 25.642 денари“ кажа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека растот на платите е обезбеден од Владата по потпишувањето на колективниот договор во 2019 година, кога е договорено да има раст на платите и кога Владата ги прифати сите барања на СОНК.

„Ние како министерство одржавме две средби со СОНК, но тие уште пред средбите веќе имаа одлука за генерален штрајк на 11 април. Мислам дека за вакво прашање, две средби се малку“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека Владата смета дека социјалниот дијалог треба да продолжи и дека сите владини претставици се подготвени на дијалог додека не се најде соодветно решение.

Слични содржини