Тренчевска за договорот со СОНК: Се разговараше за постојан раст на платите

од Берта Китинска
279 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска изрази надеж дека од утре децата ќе се вратат во училиштата и градинките.Таа денска инфомираше дека по 3,5 часовен разговор со претставниците на СОНК вчера бил постигнат договор со Владата за 12 отсто покачување на платите со јулската плата, после ребалансот.

„Се разговараше и за к-15, кој ќе се исплаќа во 2023 година и ќе биде дел од колективниот договор, како и за нова методологија која ќе биде дел од општиот колективен договор, а понатаму ќе се пресликува во колективни договори, што значи постојан раст на платите во образованието и детската заштита. Се надевам дека сите оние кои штрајкуваат ќе се вратат на своите работни места. Од утре ќе почнат да функционираат градинките и училиштата, учениците ќе се вратат во училиште, децата во градинките, а родителите ќе се вратат на своите работни“,кажа министерката.

Слични содржини