Тренд 2016: Очна линија со меурчиња

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Обично кога станува збор за козметиката знаеме дека тешко можеме да ја владееме секоја техника или секој нов производ.ef5ad2e7ca7b8ab208e67cbf1494fafc

Тоа е така, бидејќи често индустријата нè изненадува, а времето за кое тоа го прави, е прилично кратко.

Едно од најмногу зборуваните работи меѓу шминкерите и обичните дами е поставувањето на очна линија.

Ова мајсторско движење со раката што тешко се постигнува подеднакво на двете очи бара барем неколку месеци секојдневно тренирање.

Што ќе кажете сепак, ако ви споделиме дека еден од најактуелните трендови за пролет-лето 2016 е очната линија со меурчиња?

Што претставува?

Тоа е нов начин за нанесување на eyeliner, кој е всушност спротивен на стандардниот. Наместо да се обидувате да добиете совршена лента, која ќе биде еднаква, се стремите кон нанесување на мали, своевидни заоблени “точки”.

Како се прави?

Техниката е всушност многу едноставна. Донесувате обично мало капаче од молив за очи или веѓи. Истурете малку количество очна линија на раката или стакло и потопувајте го отворениот крај на капачето во него. Потоа ги комбинирате на очниот капак, така што ќе се добие полукруг. Практично, врз очните капаци остануваат само границите на половинки од кругови кои ќе се пополнат со очна линија потоа. Пожелно е да користите течен производ со тенка четка за да се добие прецизност. Може да се повлече на крајот тип “мачкино око” за дополнителен ефект.

Како изгледа?

Интересно на овој тип очна линија е дека таа буквално стои на окото како посебна декорација, не бара толку прецизност и дури и очите да се различни, тоа во никој случај не се гледа. А, и всушност ни личи малку на ефект од тантела на очите, кој спокојно може да се постигне и со бои, различни од црно.