Тренд на големи петарди со повеќе барут: Малолетник ќе остане со траен инвалидитет на ракатa

од Nikola Popovski
256 прегледи

Малолетник за жал ќе остане со траен инвалидитет на раката откако му пукнала петарда за новогодишната ноќ, информира д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ. Се работи за 13-годишник.

-Детето е оперирано и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката, истакна Мерџаноски.

-Во последниот месец е околу 50-тина од 12 до 18 години. За жал, тоа е некаков тренд, се користат се поголеми петарди со повеќе барут, изјави д-р Небојша Настов, директор на универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

За новогодишната ноќ во „Св. Наум Охридски“ немало примено лица со повреди од петарди или огнено оружје.

Според него, дежурството на Клиниката поминало мирно со вообичаен број на итни пациенти како што има и во нормалните денови. Вкупно се прегледани 81 пациент, од кои што 5 се повредени како последица на сообраќајни несреќи, а тројца од физички пресметки.

На Клиниката за токсикологија биле примени 18 пациенти затруени со алкохол, од кои 4 се од женски пол.

Слични содржини