Трендафилов апелира граѓаните да се воздржат од двојно трошење во четврток и сабота

од Nikola Popovski
120 прегледи

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ги обвини трговците дека како завршувала едната од мерките и „кошничките“ на Владата, во тие 15-20 денови се зголемуваа цените на производите за 20%, па се намалуваа за 10%, „како да личи дека нешто добро направиле за потрошувачите“. Според него, на основните прехранбени производи не се евидентирани намалувања на цените, а имало зголемување на зеленчукот и овошјето за дури 27-33%.

Ја поддржа иницијативата на граѓаните за бојкот на маркетите, продавниците и бензиските пумпи поради високите цени на производите.

-Истото го зборуваме и денеска – не треба Владата да има милост и да чека трговците сами да креираат. За последната мерка, очекувавме во делот на храна и пијалоци да се намали за 2300-2400 денари, кошничката се зголеми за 130 денари. Тоа што го прават денеска граѓаните е за поздравување. Секој сам одлучува дали ќе бојкотира. Јас одлучив дека треба да се бојкотира и дека треба да се покаже таков вид на граѓанска непослушност, за да им ѕвони во главата на неразбраните трговци, кажа Трендафилов во емисијата „Топ тема“.

Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од дополнителни трошоци, односно „двојно или тројно трошење во четврток и сабота“. Трендафилов истакна дека на тој начин, трговците „не треба да ги збогатиме за 2-3 пати, туку да ги зауздаме“.

Слични содржини