Трендафилов: Да се утврди како ќе растат платите – нашето барање е покачување за 14,2% во јавниот сектор

од Nikola Popovski
767 прегледи

Новиот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов денеска порача дека нијанси се во прашање за договор околу методологијата на Владата за покачување на платите, но тие нијанси можат да бидат и големи и далеку.

-Тоа што охрабрува има поместувања од Министерството за финансии и Владата во поглед на нашите предлози и забелешки. ССМ денеска излезе со предлог со кој сметаме дека ќе се надминат сите состојби. Прифатлив е моделот од 2,5 години, со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност, но како ССМ сметаме дека доколку од септември се случи тоа фунцкионерските плати да се вратат на ниво пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците, кажа Трендафилов за медиумите по одржувањето на Економско-социјалниот совет во Владата.

Како што вели, не можат да дозволат 78 % зголемени плати на функционерите и плус за одреден процент.

-Нема да дозволиме функционерските плати да растат на овој начин. Работниците во јавниот сектор треба да бидат уверени дека синдикатите се едногласни дека нема таков човек кој ќе потпише Општ колективен договор на нивна штета. Нашиот предлог е да се утврди како ќе пораснат платите од септември. Нашето барање е покачување за 14,2% во јавниот сектор, истакна Трендафилов.

Слични содржини