На денешниот протест на вработените во културата, присуствуваше и првиот човек на Синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој порача дека ССМ дава целосно и безрезервна поддршка на работниците кои си ги бараат своите плати.
Наведе дека му е жал што „министерот Зоран Љутков стоеше рамо до рамо со вас како работник, но, како министер со 79% зголемена плата се бори против вашите плати предвидени со Колективниот договор“. Трендафилов тоа го нарече „срамно“.
-Ве повикувам на 1 мај да ни се придружите. Дојдовме 300 луѓе пред три недели на протест – се исплашија. Денеска сме 3000 – уште повеќе се плашат и им кажавме дека ќе дојдеме и 30 илјади. Тоа што го прават е нѐ бројат, наместо да ни платат плати. Почитуван министер, луѓето очекуваат платата да им се исплати уште денес согласно Колективниот договор, доколку не, како што ѝ порачавме на претходната министерка, ќе ви порачаме и вас – ако не го направите вие тоа, ќе го направи некој следен министер, рече Трендафилов на протестот пред Министерството за култура.