Трендафилов контра Тренчевска: Работниците на Коридорите ќе работат 72 часа неделно

од Nikola Popovski
623 прегледи

Ние сме среќни што министерката Тренчевска не е синдикат, ниту работник за да знае да пресмета. Задоволен сум од нејзината изјава кога кажа дека работникот ќе работи 12 часа дневно и ќе има 12 часа дневен одмор и 24 неделен одмор. Ние во синдикатот колку што знаеме математика, 6 по 12 би дошло 72 часа, доколку имате дигитрон, можете да проверите. Се надевам дека и министерката има дигитрон на кој ќе провери дали 6 по 12 е 72 или 40 плус 8 часа и после ќе работат дополнителна прекувремена работа, вели првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој жали што, како што вели, математиката на министерката е друга.

-Тоа што го кажува е дека избегнува да каже 72 часа. Во спротивно се другото се потврди дека работниците ќе работат 12 часа дневно, па 12 часа одмор и на крајот на неделата 24 часа дневен одмор, рече Трендафилов во изјава за медиумите.

Најави дека како ССМ ќе испратат нова иницијатива до Уставниот суд за оспорување на работната недела за изградбата на автопатските Коридори 8 и 10-Д.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска претходно соопшти дека работното време на работниците на „Бехтел и Енка“ ќе биде 40 плус 8 часа.

Слични содржини