Трендафилов: Минималната плата не треба да го загрижува никого

од Nikola Popovski
58 прегледи

Сојузот на синдикати на Македонија ќе застане позади грански синдикати кои се борат за растот на нивните плати на членовите во дејностите кои не добија усогласување и потребата од растот на минималната плата. Според првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов, кога ќе се донесе одлука за синдикална акција, ќе ја дадат безрезервната поддршка и доколку е потребно ќе излезат и на улица.

-Сметам дека ќе имаме можност и за растот за платите на вработените во државата. Минималната плата не треба да го загрижува никого, тоа е само праг под кој не смее да исплаќа плата. Денеска за жал, во Македонија, 10 илјади работници примаат плата под 22.567 денари и 25 илјади работници примаат минимална плата, што е незаконски и кривично дело, кажа Трендафилов на прес-конференција.

Премиерот Христијан Мицкоски, во однос на барањето на синдикатите за средба за зголемување на минималната плата, денеска рече дека се подготвени да разговараат со сите врз основа на реалните можности на Буџетот.

Подготвени сме, посочи, да организираме средба и со синдикатите и со работодавачите и сите заедно да најдеме решение.

-Убеден сум дека сите ние имаме заеднички интерес – да успее Македонија. Ако сите се водиме од овој заеднички интерес тогаш убеден сум дека ќе најдеме решение, рече премиерот, на новинарско прашање при посетатата на ОУ „Стив Наумов“ по повод почетокот на учебната година.

Слични содржини