Трендафилов: Можеби за првпат во Буџетот има предвидено пари за раст на платите за повеќе од 10%

од Nikola Popovski
153 прегледи

Тоа што можеме да го видиме од верзијата која ни беше достапна е дека можеби за првпат во Буџетот по подолго време, има предвидено средства за раст на платите во поголем процент од 10%, изјави денеска првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов пред втората седница на Социо-економскиот совет. Сепак, рече дека ќе почекаат да им биде официјално да им биде пренесена на седницата.

Средствата за раст на платите се 13,8% во Буџетот, во однос со претходната година.

Трендафилов смета дека доколку се зголемат платите во јавниот сектор, Владата нема да има никакви оптоварувања со евентуалниот раст на минималната плата, имајќи во предвид дека сите вработени во јавниот сектор за кои што Владата исплаќа плата, ќе бидат над износот на минималната плата кој што би се утврдувал.

Сојузот на синдикати не отстапуваат од нивните барања минималецот да изнесува 450 евра. На претходниот состанок министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши рече дека има политичка волја за барањето на ССМ, а тој лично би сакал минималната плата да биде и 600 евра, но, прво да се види дали Буџетот може да го издржи тоа.

Според синдикатите, зголемувањето на минималецот нема да биде голем товар за државниот буџет со оглед на тоа што речиси 37.000 работници земаат до или под минималната плата.

Слични содржини