Трендафилов обвини дека работници трпат закани: КСС е партиски синдикат

од Nikola Popovski
84 прегледи

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов објави дека според информациите од работниците кои пристигнуваат до нив, изминатите неколку месеци, претседателот на КСС, Благоја Ралповски, во името на владини функционери, пратеници, градоначалници, директори, партиски функционери им се заканувало на работниците да се приклучат кон некој си, како што вели, квази синдикат САДУ, во КСС. Според Трндафилов, тоа се правело со „нечовечки притисоци, со закани, со уцени по работни места, за влез во некој партиски синдикат кој ниту нешто барал, ниту нешто бара за работниците“.

-Работниците исплашени, беа изложени на страшни притисоци од горе наведените, па истите јавно ги прашувам, ова за Претседателот на КСС го правевте, со кој си фативте рака, за кој вршевте протисок, за кој се срамевте и се срамите, прашува Трендафилов.

-ССМ изминатиот период предупредуваше дека ги држат во рака, дека се марионета, дека се уценети, а доби и докази за таквата состојба, документи, комуникација, меилови, фалсификувани пристапници и истапници, дури според одредени сознанија и фалсификувани потписи на работници за прикажување на состојба дека се приклучиле на овој квази и партиски синдикат КСС, додава тој.

Првиот синдикалец во државата обвинува дека најголем виновник за тоа што нема зголемување на платите по Општиот колективен договор во јавен сектор за 12,6% колку што се зголеми просечната плата е токму КСС кој, како што вели, заедно со СОНК ги продадоа работниците во образование за 7% зголемени плати.