Трендафилов со критики: За избори има пари, а нема за зголемување на минималецот…

од Nikola Popovski
28 прегледи

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов смета дека е неприфатливо да има предвидени пари од Буџетот за локалните избори, а да нема за работниците и зголемување на минималецот на 500 евра.

-Уште една причина за зголемување на минималната плата е фактот што 10.000.000 евра колку што се предвидени за локалните избори, ако ги поделиме на околу 150 евра во бруто за зголемување на минималната плата добиваме 66.666, ако го поделиме во месеците октомври, ноември и декември, или на 3 месеци, добиваме 22.222 или околу 22.222 работници кои примаат плата во висина на минималната плата добиваат зголемување на 500 евра нето минимална плата, посочува Трендафилов.

Истовремено, додава тој, со блиску 10.000.000 евра може да се субвенционираат придонесите за дополнителното зголемување на минималната плата, кои за 6.000 денари нето зголемување на минималната плата, би изнесувале околу 3.000 денари дополнителни за бруто, или околу 50 евра, со кои за 66.666 работници можат да се субвенционираат придонеси за дополнителното зголемување на минималната плата за три месеци и тоа за октомври, ноември и декември како поддршка за работодавачите кои евентуално би се соочиле со проблеми за исплата на зголемената минимална плата и на таков начин најмалку 66.666 работици би добиле минимална плата од 500 евра во нето износ.

-Да не заборавиме дека овие 10.000.000 повторно преку уплата на придонесите би се вратиле назад во буџетот и Државата би имала двоен ќар и тоа, најмалку 10.000.000 евра назад во буџетот и задоволни работници, но пари за зголемување на минималната плата немало, а за избори имало…Не е до парите, до приоритетите е, стои во јавната објаца на Трендафилов.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 година изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи.