„Очигледно е дека ја навредуваат интелегенцијата на работниците, затоа што македонските работници имаат само ниски плати, поточно мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе отколку што се платени“, објави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Според Трендафилов, ваквите податоци покажуваат дека еден работник е толку многу продуктивен што си ја заработува својата плата, ги заработува платите на директорите и менаџерите, заработува за џип и стан за газдата, заработува за инвестициите на газдата и на газдата му заработува уште околу едногодишна работничка плата (околу едногодишна нето минимална плата).
-Ама па и овие другиве што се прават дека им веруваат, истакнува Трендафилов.
Сојузот на синдикатите на Македонија остро реагираш на сите обиди на газдите и нивните комори и организации да ја потценуваат и навредуваат продуктивноста на македонските работници.
„Според податоци на Народната банка, објавени преку Bloomberg Adria, евидентно е дека нето добивките по вработен во македонските компании во 2024 година бележат значителен раст во однос на 2023 година. Овие податоци недвосмислено ја докажуваат високата продуктивност на работниците, и го разобличуваат лажниот наратив дека „работниците не биле продуктивни“ и за тоа платите немало можност да се зголемат“, објавија меѓу другото од ССМ.