Трендафилов: ССМ доби репрезентативност, утре ќе бараме 500 евра минималец

од Nikola Popovski
75 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе го отвори прашањето за 500 евра минимална плата и за 6000 денари дополнително зголемување на сите останати плати.

-Утре е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, порача претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Како што рече Трендафилов, синдикалната минимална кошничка што ја пресметува ССМ лани е зголемена за 6 500 денари, а оваа година само делот за храна и пијалаци од завршувањето на последната мерка пораснала за 2000 денари или за 150 евра се зголемени трошоците за живот за едно четиричлено домаќинство.

Според него, не држат веќе изговорите на Владата дека работниците и работодавачите треба да седнат и да се договорат за зголемување на минималната плата.

-На Економско-социјалниот совет, прво барање ќе ни биде потребата од растот на платата за 6000 денари или 500 евра минимална плата. Причини има многу, а изговори нема ич, додаде првиот синдикалец во државата.