Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува над 1000 евра

од Nikola Popovski
26 прегледи

Првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов е дециден дека зголемувањето на минималната плата треба да се случи што поскоро. Според него, треба да се предвидат средства и оваа година, доколку се случи, покрај средствата предвидени со наредниот Буџет за 2025 година.

Трендафилов потенцира дека животот на граѓаните и работниците станува се поскап и тешко е да преживеете денеска со 370 евра, кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува над 1000 евра.

-Тоа што можам јас да го кажам врз основа на параметрите со кои што ние располагаме е дека 47 продукти од синдикалната кошничка беа преземени во мерката на Владата за ограничување на маржите на 70 производи. За жал, трговците го искористија периодот кога Владата најавуваше ваква мерка и што направија – прво ги зголемија цените и синдикалната минимална кошничка во делот на растот на трошоците беше зголемена за 750 денари за месец септември. За месец октомври е намалена за 960 денари, што ќе каже дека трговците беа алчни и се обидоа да заработуваат на грбот на работниците. Повторно останаа со истиот профит. Во Македонија, за жал можеме само да видиме зголемување на алчноста на трговците и Владата мора да преземе поригозорни чекори, кажа Трендафилов кој присуствуваше на настанот „Европска недела за безбедност и здравје при работа“.

Слични содржини